Најголемиот светски производител на мотоцикли, во Кина го претстави својот прв електричен мотоцикли, E-VO.
Околу електричните автомобили веќе нема нешто крупно што може да нé изненади.
Развојот воглавно се сведува на понатамошен раст на капацитетот и типот на батериите.
Истата констатација не можеме да ја кажеме кога се работи за мотоциклите.
На ова поле сеуште се бараат најадекватните практични решенија како и и оптримизирање на ценовната пристапност. Honda, како најголем светски производител на мотоцикли, никако не може немо да го следи развојот на електричните возила на две тркала.
Напротив, силно започнува со електричната револуција во производството на двоточкаши со нулта емисија на издувни гасови. Со кинескиот партнер Guangzhou а под ознаките на Wuyang-Honda тивко го започнува своето електрично патување.

Резултатот од развојот делува малку изненадувачки. Лансирањето на првата сериска верзија доаѓа во вид на кафе-рејсер интерпретација. Уште повеќе, E-VO го краси ретро дизајн кој се комбинира со најсовремена технологија.
Од класичните решенија тука се присутни уште и диск сопирачките со ABS систем, секундарниот пренос со ремен, задниот моно амортизер, ветробранот… додека предните тркала се со димензија од 16 инчи, а задните се за два инчи помали.
Спецификите започнуваат со сместувањето на батериите (на местото од класичниот мотор) потоа електромоторот (синхрон мотор со перманентен магнет) како и отсуството на издувните цевки. Покрај вградување на сите компоненти, тежината е задржана на прилично ниските 140 kg.
E-VO е едносед сo ретро-дизајн, решение што го прави уште поуникатен по прашање на функционалноста. Дигиталниот дисплеј ги пружа сите потребни информации, а не недоставуваат и конективните можности.
И сега главното: за испорака на енергијата се задолжени две батериски опции. Првата има капацитет од (само!) 4,1 kWh и овозможува автономија од 120 километри.
Покапацитетната верзија носи батерија од 6,3 kWh и може да се движи до 170 километри. Добрата вест за урбаните корисници е тоа што повторното полнење не трае подолго од 90 минути.
Во двата случаи електромоторот испорачува 15,3 kW (21 КС) што секако не е на нивото на бензиските пандани, но е сосема доволно за урбана употреба.
И да не заборавиме, говориме за Honda која ги поставува правилата на игра, па затоа што и не чуди што претставувањето на E-VO – иако засега е наменето само за кинескиот пазар – предизвикува голбален интерес.
