За претстојната сезона 2021-ва Honda претстави нов член на својата гама – моделот CMX1100 Rebel.
Двоцилиндричниот CMX500 Rebel претставен 2017 година на сите мотоциклисти им пружи единствена можност да уживаат во спојот на традицијата и современите иновации.
Допадлив, забавен за возење и едноставен за одржување, тој си го најде своето место во нивните животи и во 2019-тата стигна до третата позиција на најпродавани кастом мотоцикли.
Затоа и Honda за претстојната сезона 2021 го подготви неговиот поголем и посмел брат – CMX1100 Rebel.
Формулата е без експерименти – на веќе дефинираната суштина на она што помалиот го прави посебен се додадени подобри перформанси, подоминантен карактер и изобилство напредни технологии.
Задржано е уживањето во возењето детерминирано со димензиите кои Rebel го прават лесен за управување – седиштето на возачот високо 700 mm и тежината од 221 kg.
Поискусните мотоциклисти ќе го забележат и влијанието на крутата рамка од цевки, предната вилушка од 43 mm, дебелкастите задни амортизери и радијално поставената четириклипна предна сопирачка.
Без оглед на искуството, сите ќе уживаат истражувајќи ги перформансите на паралелниот двоцилиндричен агрегат со зафатнина од 1.084 cm³, изведен од CRF1100L Africa Twin.
Неговите максимални 87 KS и 98 Nm карактеристично силно реагираат на ниски и средни вртежи создавајќи посебно чувство кое го дополнува ‘ржењето за кое се грижи издувниот систем.
Минималистичкиот благ ретро стил што го одликува вешто е облагороден со модерното LED светло и LCD инструментите.
Под облогата на задното седиште која лесно се симнува се кријат најсовремени технологии: Throttle By Wire, Wheelie контрола на преносот на силата, темпомат, четири режими на возење и друго, а круна на оваа посебна комбинација е Dual Clutch шестстепената трансмисија.