СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hispano Suiza Carmen со стил од 30-тите и 1.005 КС

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: HispanoSuizaCarmen not found

 

Електричниот хипер спортски автомобил ќе биде изграден само во 19 примероци.

Шпанскиот производител на екслузивни автомобили на 2019 Geneva Motor Show прикажа оригинален хипер спортист кој се придвижува само со помош на електрична енергија.

CARMEN е името на импресивната појава изградена во стил на 30-тите години на минатиот век. Тој изглед со ништо не ја најавува врвната технолгија вгардена во автомобилот со прекрасно женско име.

Додуша овој облик беше подолго време најавуван пеку разни тизери, но малкумина беа склони да веруваат дека и сериската верзија ќе изгледа толку импресивно.

Од техникалиите, засега е познато дека најновиот Hispano Suiza (н.з. Шпанија Швајцарија) ќе биде придвижуван од два електромотори сместени на двете задни тркала.

Електричните мотори енергијата ја добиваат од сет литиум-јонски батерии сместени во „грбата“ зад парот седишта. Вкупната силина од 1.005 КС овозможува максимална брзина од 250 км/ч, со забрзување кое трае пократко од 3 секунди.

Доколку педалот за гас не се притиска цело време до крај, тогаш автономијата изнесува околу 400 km. Во однос на конкурентите, Tesla Model S или Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, кои тежат по околу 2.5 тона, Hispano Suiza Carmen на вага покажува само 1.690 kg.

Тоа е различно од мноштвото електрични спортисти кои имаат погон на двете оски, но токму и затоа Carmen е уникат. Таа уникатност додатно се појачува со продукција на само 19 примероци кои ќе се продаваат по цена од … (непристојно е да се каже, нели!?)

Специфичниот облик веќе предизвикува контроверзи, но сепак се работи за уникат кој баш и не мора да се допадне секому.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот