СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Great Wall започнува со дилерска експанзија

 

На самиот влез на Штип, свечено е отворен новиот изложбено продажен салон на компанијата Prima Inkaso, дилер на Толту Моторс, импортер за програмата на кинескиот Great Wall за Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Компанијата Prima Inkaso е добро позната во југо-источниот дел на земјата. Поради високиот углед што го ужива кoмпанијата, таа е одбрана за претставување на Толту Моторс кој пак е овластен импортер за кинескиот производител Great Wall за нашата земја и за неколку други држави од регионот.

Инаку, во Ловеч, Бугарија се лоцирани производните погони на Литекс Моторс кој е во партнерски однос со кинезите од Great Wall.

Во моментов просториите на Prima Inkaso ќе бидат нов центар за пласман на возилата на Great Wall за овој регион, а најавите говорат дека се планираат уште неколку слични претставништва во други делови од земјава.

„Задоволни сме што отвораме во соработка со Prima Inkaso нов салон за продажба во Штип. Ова е објект со кој Толту Моторс ќе се обиде да го приближи брендот кон клиентите во овој регион, кои едноставно ќе се уверат во високите вредности и квалитети на возилата кои  ги нудиме.

Вреди да се напомене дека Great Wall е еден од кинеските брендови кои во чекор ги прати светските автомобилски трендови, особено кога се во прашање најновите технолошки достигнувања и решенија. Tие на свој начин ја интерпретираат кинеската филозофија на освојување на пазарите, со лансирањето на нови модели во континуитет.

Ние во Great Wall сме посебно горди со својот нов бренд Haval, компанијата продолжува со проширувањето надвор од Кина, главно со аспирации за поцврсто присуство во Европа и САД.

Минатата година брендот имаше реализација од 860.000 SUV единици, што ја направија поуспешна од брендови како Ford и Hyundai. Ако на овој бренд му верува светот, зошто не и нашите купувачи во целата држава, па и овде во Штип“, потенцира Сашо Трпковски, првиот човек на Толту Моторс.

„Ова е првиот чекор на Prima Inkaso, отворањето на продажниот салон. Во моментов центарот располага со изложбен дел со големина од близу 400 квадратни метри. Посебно сме задоволни од подадената рака на Толту Моторс и ние да станеме дел од големото семејство на кинескиот производител, чија доверба секако нема да ја загубиме, туку со времето ќе ја надградуваме. Имаме уште многу заедно да создаваме, а тоа ќе го покаже времето, истакна директорот на Prima Inkaso, Кире Монев.

Толту Моторс веќе седма година соработува во претставување на филијалата на кинескиот гигант, Литекс Моторс од Бугарија, за дистрибуција на возилата од програмата Great Wall, а наскоро и на неговите подбрендови.

Кинескиот производител е најголемиот приватен производител и извозник на автомобили во Кина. Компанијата ги пласира своите модели во повеќе од 120 земји низ целиот свет, вклучувајќи земји од Европската унија.

Литекс Моторс во својата производствена програма брои шест модели, кои преку Толту Моторс им се на располагање на македонските купувачи: пикапот Steed 5, кросоверите Hover H5 и Hover H6, кои се одлично познати на нашите клиенти, а новите модели ќе пристигнуваат сукцесивно во текот на оваа и почетокот на идната година.

Новите три изданија на кои посебно се горди кинезите се Haval H2 и Haval H6, како и новата верзија Steed 6, кои веќе имаа свое европско деби на салонот за автомобили во Софија. Haval H2 и Steed 6 наскоро ќе ги видиме и на нашите патишта.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг