СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Geometry E: Нов електричар со почетна цена од 13K долари

Новиот електричен бренд Geometry всушност е електричната дивизија на Geely која во Европа ја познаваме како мнозински сопственик на Volvo.

Geometry E е новиот адут на кинескиот под-бренд Geometry кој е задолжен за развој на електрични возила во рамки на групацијата Geely.

За да биде појасно околу димензиите на проектот да потсетиме дека во рамки на Geely фуннкционираат нам добро познати брендови.

Тука се Volvo, Polestar, Lotus, Link & Co, потоа мотоциклите Benelli… и уште дузина брендови кои функционираат на кинескиот или на други регионални пазари.

Токму гигантот Geely одлучил дека е време за демократизирање на понудата на електрични возила.

Првиот модел во престоечката експанзија е Geometry E чија малопродажна цена на домашниот, кинески пазар започнува од точно 86.800 јуани (12.947 долари). Признаваме, звучи прилично примамливо!

Geometry E ќе се нуди во три варијанти зозначени со звучни имиња: Cute Tiger, Linglong Tiger и Thunder Tiger. Најскапата (и најпопремената) верзија ќе се нуди за 15.483 долари, додека за средната варијанта ќе треба да се издвојат околу илјада евра помалку.

Да погледнеме што се добива за тој износ на вложени средства. Електромоторот сместен над предната оска има максимална моќност од 60 kW (82 КС). Тој се напојува од батерија со капацитет од 33,5 kWh во основната, и 39,4 kWh во останатите две верзии.

Батериите се од најновата технологија – изработени се од литиум-железен фосфат. Тука приказната добива сериозна технолошка димензија.

Помалата батерија има максимален домет од 320 km додека Geometry E опремен со поголемата батерија може да добаци до поприлично големите 401 km. Прикачена на брз полнач оваа батерија, до капацитет од 80% се полни за половина час.

Возилото од европскиот „Б“-сегмент (4.004 x 1.765 x 1.550)mm наменето за движење низ големите урбани средини, но и за патување на поблиски релации, постигнува максимлна брзината (ограничена) од 121 км/ч. Овој податок звучи прилично логично.

При дизајнирањето посебно внимание е посветено на очекувањата на помладата популзација – двобојна каросерија, затворен фронатлен дел, тенки фарови, … Очекувано, во внатрешноста доминираат двата екрани преку кои возачот комуницира со автомобилот. Европското влијание при „цртањето“ е јасно воочливо.

Амбициите на Geometry со новиот прв модел Geometry E се доста високо поставени. Иако на пазарот ги чека директно соочување со етаблираните BYD Yuan Pro и Nezha V кои се нудат по слични цени, до крајот на годината се планира отварање на 380 дилерства. Да потсетиме, говориме за далеку најголемиот светски пазар на автомобили.

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од EV