Само пет години после своето инаугурирање, Genesis стана премиум производител со комплетна гама.
Никој не замеруваше, но досега „фалеше нешто“ во гамата на новокреираниот корејски производител кој настапува како премиум дивизија на Hyundai.
Напорите на одговорните да го премостат јазот што побргу дадоа резултат и годинава понудата на Genesis се збогати со два кросовера.
Помалиот GV70 кој е поинтересен за пошироката публика за прв пат го видовме при крајот на октомври, но без детални информации за него.
Со големина колку Audi Q5 и BMW X3, тој ќе ги предизвикува своите конкуренти со стилскиот дизајн налик на поголемиот му брат GV80.
Предниот дел со уникатно решените светла и впечатливата маска оставаат големи импресии на прв поглед.
Ништо помалку атрактивен не е ни воздржано агресивниот заден дел кој доста природно се надоврзува на атлетската силуета.
Внатрешноста повеќе наликува на модел од благородничките марки како Aston Martin отколку на нешто што доаѓа од далечната Кореја. Исполнетоста со најмодерни системи се подразбира, а купувачите ќе можат да бираат меѓу три погонски единици.
Основен е 2,5 литарскиот турбо бензинец со 304 KS, а вистинското пакување се добива со 3,5 литарскиот V6 со 380 KS. Некаде ќе биде на располагање и со 2,2 литарски дизел со 210 KS, а погонот може да биде само на задните или на сите четири тркала.
Почетокот на продажбата и цените засега не се прецизно специфицирани.