СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Chevrolet Camaro забранет во Калифорнија и Вашингтон!

 

Дилерите на Chevrolet во Калифорнија и Вашингтон нема да смеат повеќе да продаваат неколку верзии на Chevrolet Camaro.

Според локалните власти, продажбата на осум верзии од Camaro е забранета заради тоа што не ги исполнуваат регулативите на овие две сојузни држави.

Се работи конкретно за количината бакар што плочките на сопирачките ја содржат во својот материјал, која е над максимално дозволеното ниво од 0,5%.

Дилерите на Chevrolet ќе можат да ги распродадат возилата кои ги имаат на залиха, но после 1 јануари 2021 година нема да можат да нарачуваат нови количини.

Изненаден од ваквата реакција на локалните власти, од Chevrolet изјавија дека бараат заменско решение за плочките на засегнатите верзии на Camaro, кои се производ на Brembo.

Но, на жалост на љубителите на популарниот американски спортски автомобил, тоа најрано ќе биде решено кај возилата од моделската 2022 година.

Инаку, споменатите правилници за максималната количината бакар што плочките на сопирачките можат да ја содржат се донесени во 2010 и 2011 година.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот