СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Genesis G80 и GV80 со максимални оценки на Euro NCAP тестовите

 

За прв пат понудени на европскиот пазар, двата модела на луксузниот бренд на Hyundai-групацијата покажаа одлични резултати на строгите Euro NCAP тестови за безбедност.

По цели пет години од издвојувањето на Genesis како луксузен бренд на Hyundai групата, производителот реши освен на Корејскиот и Американскиот пазар да ги понуди и во Европа.

Тоа од своја страна налага изложување на европските тестови за безбедност, познати како Euro NCAP.

А тие се прилично темелни и обемни при што возилата се изложени на неколкукратни стандардизирани импакти, а од пред некој година се испитуваат и удари во возилото од страна на ранливите групи учесници во сообраќајот.

При вкупното бодување се зимаат во обзир и вградените безбедносни системи.

Како што и се очекуваше двата модела – луксузната лимузина G80 и засега единствениот SUV модел Genesis GV80 –  ги поминаа тестовите со максимални оценки.

Притоа G80 според категоризацијата на Euro NCAP, за заштита на возрасните патници доби 91%, за заштита на децата 87%, потоа за ранливите категории учесници 77% и на крајот 91% за вградените системи за асистенција.

Од друга страна GV80 беше идентичн оценет во првите две категории, додека кај заштитата на ранливите категории и системите за асистенција беше за нијанса послаб освојувајќи така 66 односно 88% од максимално предвидените поени.

Вкупната оценка за двата модели беше и повеќе од доволна за освојување на максимални пет ѕвездички, впрочем како што и се очекува од нови модели, а поготово на тие од луксузната класа.

Во приложениот видео материјал се дадени инсерти од тестирањето на GV80 на кои јасно се гледа дека при тестните удари кабината и патниците се максимално заштитени.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот