СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-AMG GT R Speedster: Ќе му се радуваат само пет сопственици

 

Автомобилскиот колекционер Роланд А. Бусинк (Roland A. Bussink) си порача специјална Speedster верзија од стандардниот AMG GT R Roadster.

Mercedes-AMG освен што доминира во Формула 1 сака да исполнува и посебни желби. Компанијата HWA AG си постави задача да го произведе првиот GT R Speedster кој се роди како генетски дериват од стандардниот AMG GT R Roadster.

Ако компанијата HWA AG ви звучи непознато, само ќе потсетиме дека на нејзино чело стои г-дин по име Ханс-Вернер Ауфрехт (Hans-Werner Aufrecht) кој е еден од основачите на AMG.

За да ја разјасниме неговата визија за спортски автомобили ќе споменеме дека тој е одговорен за моторот во Pagani Huyara R. А кај него зад возачот е поставен атмосферски V12 од 6,0 литри кој ослободува неверојатни, 838 КС.

Да се навратиме на импресивната креација, односно на Mercedes-AMG GT R Speedster кој беше претставен минатиот викенд во рамки на Големата награда на Монако.

Во суштина не се работи за службена креација на Mercedes-AMG, туку за преработка од HWA AG. Затоа моделот е наречен спрема нарачателот Bussink GT R SpeedLegend.

Директно испириран од Mercedes-McLaren SLR Stirling Moss Speedster и болидите на Mercedes од Formula 1, Bussink GT R SpeedLegend ќе биде ограничен на произведство од само пет примероци.

Каросеријата изработена од јаглеродни влакна е за цели 90 киограми полесна од стандардниот GT R Roadster. Предниот дел на кој доминира „HALO“ заштитата налик на таа од болидите на F1, ги штити возачот и неговата сопатничка од опасни неприлики.

Според желбите може да биде задржан стандардниот погонски склоп кој се состои од 4.0 литарски турбо чиј V8 развива 577 КС, или пак да им препуштите на експертите од HWA AG да го дотераат на 850 КС.

А подобро од тоа не можат ниту Aston Martin V12 Speedster а ниту пак McLaren Elva кои впрегнуваат 700 односно 803 КС.

Да не должиме со перформансите, тие се токму такви како што и очекуваат петте идни сопственици. По колкава цена ќе се продава еден примерок? Ви се молам, тоа кај ваква ексклузива е спорадичен податок!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот