Genesis во САД го претстави концептот GV60 Magma со кого отворено атакува на самиот врв на перформантни SUV возила.
Како дел од Hyundai групацијата, Genesis може да се пофали со резервација во елитното друштво.
Со три луксузни модели и три нивни сув-пандани во моментот одлично котира кај лубителите на автомобилскиот луксуз.
Од таа комотна позиција, до влез во друштвото на електричарите со високи перформанси, патот е прилично едноставен.
Поготово ако се знае за богатата технолошка основа со која располага групата. Доволоно е да се споменат Ioniq 5 и EV6, па нештата да добијат логичен тек.
Пред некој ден во Њујорк беше претставен концептот, Genesis GV60 Magma. Познато е дека Magma ќе пристигне во текот на годинава и е прв од серијата која ќе го носи тоа име.
Според најавите првиот целосно електричен Genesis, иако претставен како концепт, е веќе пордготвен да оди во серија.
А од таа позиција ќе мора да се спортивстави на најсилните верзии на Tesla Model Y или на еден Porsche Taycan.
Техничките адути на GV60 Magma се делумно познати. Електричниот Genesis ќе ја користи корпорациската платформа E-GMP која веќе ја користат Kia EV6 како и најновата Ioniq 5 N верзија на Hyundai.
Покрај погонот на двете оски се очекува и надминување на силината од 641 КС со која располага спортската N-изведба.
Во однос на естетиката, уште не прв поглед се воочува дистинкцијата во однос на класичниот GV60. Големите, 21 инчни тркала со впечатлив дизајн, потоа светлосната група, спуштеното подвозје, посебните отвори за ладење на сопирачките и батериите, задниот спојлер,… се помеѓу позабележливите разлики.
Очекувани се и промените во внатрешноста кои се ставаат во функција како за збогатување на спортските искуства, така и на употребениот електричен погон. Во никој случај не се заборава и луксузот како основна црта на карактерот на секој Genesis.