СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Geely започнува да произведува сателити

 

Кинески производител на возила сопственик на Volvo, Polestar, Lotus, London Taxi, Benelli, Proton и што уште не, го шири бизнисот.

Објавено е дека компанијата Geespace која е во состав на една од подружниците на холдингот Geely започнува со масовно производство на комерцијални сателити.

Според информациите, тие во иднината на возилата и леталата треба да им обезбедуваат брз пренос на податоци, прецизна навигација и мемориски облачни услуги.

Првите сателити веќе се готови, а фабриката која се наоѓа во градот Таижоу каде е и централата на компанијата може да произведува по 500 сателити годишно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот