СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford вложува 11,4 милијарди долари во електрификацијата

 

Подготвувајќи се за електрификацијата на својата гама, Ford ќе вложи дури 11,4 милијарди долари во најголемата инвестиција во својата историја.

План е да се направи нов најнапреден и најефикасен производствен комплекс и уште две мега-фабрики за батерии во соработка со јужнокорејскиот SK Innovation.

Од Ford велат дека во новиот комплекс во Тенеси ќе се произведуваат батерии и автомобили и пикапи со нулта емисија по мерка на американските купувачи.

Оваа фабрика веќе наречена Blue Oval City ќе се простира на површина од дури 1.500 хектари и ќе започне со работа во 2025 година.

Заедно со другите две фабриките за батерии кои ќе бидат лоцирани во Кентаки вкупно ќе бидат отворени 11.000 нови работни места.

Плановите на Ford глобално се до 2030 година автомобилите со нулти емисии да сочинуваат половина од неговата продажба.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV