СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Ford Mustang Mach-E: И брзото пони отиде под напон

Во близина на стара фордова фабрика во Детроит, Ford го претстави SUV моделот изграден врз база на култниот Mustang. Mach-E за погон ќе користи само електрична енергија.

Првиот Mustang е произведен пред 55 години. Во овој период успеа да се воздигне во култен автомобил кој ги сублимира американските вредности: слобода, напредок, перформанси, и секако, прилична доза на бунтовност.

Но внимавајте, овде не говориме за најдобро продаваното спортско купе во светот. Mustang Mach-E е возило со SUV пропорции, а згора на сето тоа се движува само со помош на електрична енергија.

Тука Ford длабоко навлегува на територијата на која неприкосновено владее еден друг американец, Tesla Model X.

Дали е ова американска граѓанска војна, или пак межеби се работи за добро смислена стратегија со која американците имаат намера комплетно да го завладеат светот со својата електрификација, па притоа ги користат сите капацитети?

Одговорот на ова прашање воопшто нема да биде едноставен, но познавајќи го пристапот, склони сме да веруваме дека се работи за вторава опција.

Повикувајќи се на славното минато на Ford, па потоа на неоспорните вредности на Mustang, притоа промовирајќи целосно нова класа и тоа со употреба на врвна технологија, работите стануваат прилично јасни.

Техничкиот аспект на Ford Mustang Mach-E ни открива дека проектната цел на инженерите била постигнување на автономија од 300 милји (околу 483 км).

Ова се однесува на варијантата која користи екстендер и има погон само на задната оска. Освен оваа постојат уште комбинации со погон на двете оски како и верзија само со заден погон и стандардна батерија.

За спортските постигнувања треба да се погрижат двата електромотори (со перманенти магнети) чија вкупна силина изнесува 332 КС и огромен момент од 565 Nm.

Ford Mustang Mach-E на пазарот се очекува при крајот на идната година. Судејќи според виденото, амбициите на Ford се прилично оптимистички.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот