СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford F-150 PHEV само на струја ќе поминува над 15 километри

 

Популарниот пикап на Ford ќе комбинира V8 бензинец со електромотор и ќе биде способен само на струја да се движи преку 10 милји односно повеќе од 16 километри.

Во време кога Ford со фанфари го најавува доаѓањето на целосно електричниот пикап чии батерии со едно полнење би требало да издржат речиси 500 километри, срамежливо пристигнува најавата за појавување и на PHEV верзија.

Дали е реално да се очекува најпопуларниот пикап во Америка да има и хибридна изведеница? Веројатно, да! Штом во јавноста се опипува пулсот тоа значи дека таква опција сериозно се разгледува.

Причините се јасни, преминот од класичен бензинец во целосно електричен погон, и тоа кај возило кое може да понесе товар од 500 kg би можел да е пазарно трауматичен.

Затоа плагин хибрид кој комбинира V8 бензинец со електромотор може успешно да ја одигра улогата на „амортизер“ додека не се случи целосната електрификација на моделот.

Во случај верзијата PHEV (Plug-in Hybrid Electrical Vehicle) да оди во серија, се шпекулира со автономија од 10 милји (16 км). Се разбира тука се мисли на движење само на електричен погон. Од реакциите на потенцијалните купувачи ќе зависи и судбината на оваа верзија.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV