СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ford Crown Victoria со мотор од тенк [видео]

 

Американците се познати по лудите преработки на автомобилите, ама изгледа Швеѓаните се полуди од нив.

Ford Crown Victoria кој престана да се произведува пред десет години, беше последен од класичните американски автомобили со шасија, крути оски со лиснати пружини и голем V8 мотор.

Го гледаме по филмовите каде обично го возат полицајците и таксистите и од таму знаеме дека е мошне цврст и издржлив, практично неуништлив автомобил.

Како таков беше идеален за оваа луда преработка, која не е идеја на некој Американец туку доаѓа од – Шведска!

Наречена е Meteor Interceptor заради моторот што го има – Rolls-Royce Meteor V12 кој Британците го имаат вградувано во низа тенкови од втората светска војна и после неа.

Има зафатнина од дури 27 литри и стандардно испорачува 550 коњи, кои Швеѓаните со помош на нова електроника и два турбо компресора ги имаат мултиплицирано на дури 2.500, со цел да постигнат 320 километри на час.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот