СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia го најави новиот Sportage

 

После многуте шпекулации, за новиот Sportage се огласи и Kia од каде стигна информацијата дека на домашниот пазар ќе биде претставен во јули.

Судејќи според изложеното што се гледа и од фотографиите, единственото заедничко што овој модел ќе го има со претходниот ќе биде името.

Се покажува точно дека следејќи го чекорот што Hyundai го направи со Tucson, и новиот Sportage драстично ќе се разликува од сé досега видено од Kia.

Тоа може да се протолкува и од изјавата на глобалниот шеф на дизајнот на Kia, Карим Хабиб, кој кажа дека се одлучиле новиот Sportage да го подигнат на сосема ново ниво во SUV сегментот.

Ние сепак би биле малку воздржани бидејќи за новиот дизајн познат под името Opposites United со кој Sportage ќе се одликува, не знаеме многу.

На компјутерски генерираните фотографии се забележуваат различниот ЛЕД светлосен потпис напред и назад, поизразената бочна линија со исфрлени рамења и дигиталниот кокпит.

Европската верзија на новиот Sportage ќе биде претставена во септември.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот