СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford со нови инвестиции во Романија

 

Електрификацијата ги натера сите да размислуваат за сериозни инвестиции во своите производствени капацитети.

Ниту Ford не е исклучок па така после фабриките во Германија и Турција, донесена е одлука за инвестирање и во Романија.

За фабриката во Крајова се предвидени вкупно 300 милиони долари, со кои таа би се подготвила за лансирање на потполно нов модел на лесно комерцијално возило.

Тој на пазарот треба да се појави во 2023-тата, а се очекува една година потоа да пристигне и негова електрична изведба.

Во Ford очекуваат околу две третини од продажбата во комерцијалната програма да сочинуваат плаг-ин хибридни и електрични возила.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV