СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Estrema Fulminea ќе биде првиот EV кој ќе користи цврсти батерии и суперкондензатори

 

Италијанскиот производител Automobili Estrema интензивно работи на развој на хипер спортски електричен автомобил кој ќе поседува хибридно складирање на електричната енергија.

За италијанската компанија Automobili Estrema прв пат слушнавме вчера (13.05.) кога осамна информацијата за проектот Estrema Fulminea. Седиштето на фабриката е на северот на Италија, поточно во Модена, факт кој говори за лесниот пристап до високата автомобилска технологија.

Изненадувањето е уште поголемо, новиот производител претстави прототип на електричен хипер спортист со технологија од иднината.

Четирите електромотори на Fulminea не се некоја револуционерна новост – одамна ги има и xрватскиот Rimac – но складирањето на енергијата претставува апсолутен новитет.

Новиот систем во Estrema го нарекуваат „хибридно складирање“ што значи дека системот користи два извора на електрична енергија.

Првиот е „solid state“ батерии кај кои течниот електролит од класичните литиум-јонски батерии е заменет со цврста материја. Вториот е употребата на ултракондензатори кои се задолжени за складирање на регенерираната енергија.

Синергијата на двете технологии резултира со голема густина на енергијата која се движи до 500 Wh/kg. Со други зборови, батериите со капацитет од 100 kWh тежат само 300 kg. За споредба, со ист капацитет, батериите на Tesla тежат 625 kg.

Очекувано, одличниот тежински однос (вкупната тежина не надминува 1.500 kg), помеѓу останатото постигнат и со употреба на јаглеродни влакна и кевлар за изработка на каросеријата, овозможува врвни перформанси.

Четирите елекромотори со вкупна силина од 2.040 КС одлично си ја вршат работата – до максималните 320 км/ч Estrema стигнува во ектремно кратките 10 секунди.

Одличната вест која стигнува со употребата на „solid state“ батериите е што за нивно полнење е потребно многу пократко време отколку на батериите кои сега се во оптек.

Лошиот абер кој го наговести производителот е што, кога за две години ќе биде пуштен во продажба, еден примерок на Fulminea ќе чини нешто ситно под 2 милиони евра.

Во таа цена е вклучен и прекрасниот дизајн на возилото, но уште повеќе развојот на технологијата во која се вклучени бројни компании, помеѓу кои најинтересно звучи соработката во користење на знаењето од NASA.

Во плановите на Automobili Estrema се споменува и изградба на сопствена фабрика (од типот на Gigafactory) за производство на новиот тип батерии. А за тоа се заинтересирани и најголемите светски производители.

На приложеното видео творците на Estrema Fulminea подробно ги објаснуваат сите специфики на нивниот проект.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV