СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Fisker Ocean Force E Packаge: SUV-спортист во војничка униформа

 

Ocean, најавениот електричен SUV на Fisker кој се очекува при крајот на годината, веќе добива пакет на надградба наменет за екстремно тешки услови.

За последниот квартал на годината најавено е пристигнувањето на Fisker Ocean.

Електричниот SUV ќе се нуди во неколку пакети на силина (читај: батерии) а посебно интригантна е најавената почетна цена од 37.5К долари.

Интересот кој го предизвикува надоаѓачкиот SUV се огледа од бројките: до сега се пријавени 22 илјади клиенти од дури 116 земји.

Некои од нив се подготвени и на подолго чекање поради тоа што Fisker Ocean најпрвин ќе биде понуден на Американскиот и Европскиот пазар.

И додека некој размислува како да дојде до својот примерок, амриканскиот производител оди чекор понатаму и подготвува војничка, Force E Packаge изведба.

Ова „војничка“ повеќе треба да се сфати како најава за теренските капацитети на специјалната изведба отколку како вистинско војникување по боиштата.

Освен милитарните организации, како интересенти се јавуваат и службите за спасување. црвениот крст, полициските единици, локалните заедници, како и цел спектар на меѓународни организации.

Од цивилната изведба, војникот ќе се разликува според силината (околу 300 КС), а секако тука е и погонот на сите тркала со посебни теренски пневматици.

Потоа следат прилагодувањата како што се зголемениот капацитет на батериите, поголемиот клиренс, појачувањето на подницата, додатни светла напред и назад, па се до можноста за вградување на специјална опрема како што е на пример голем резервоар на питка вода.

Да не заборавиме на основата, овој SUV преработен во капацитетен теренец, освен што изгледа возбудливо, се движи на електрична енергија.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот