СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW подготвува X5 со горивни ќелии

 

Во наредниве две години BMW планира да ги тестира производите но и интересот на пазарот за лансирање на електрична верзија на X5-ка.

Горивните ќелии (Fuel Cell) се перспективата на електричните возила. Тоа одлично го знаат во BMW, а неколку модели на Toyota, нивниот сé поблизок јапонски партнер, веќе сериски се присутни на светскиот пазар.

Одлична прилика BMW да го прошири спектарот на горива кои ги употребуваат нивните светски познати SUV возила.

Најавата пристигна минатата година во Франкфурт кога беше концептно прикажан i Next Hydrogen Concept кој сега добива зелено светло за пробно производство. Во почетна фаза е најавен X5 FCV но не се исклучува вградување и во поголемите CUV браќа, X6 и X7 FCV.

Планираниот модул, постојано ќе може да генерира 170 КС, но во зависност од  моменталната наполнетост на батериите пикот на силината ќе може да достигне до максимални 374 КС. Погонскиот електромотор заедно со двостепеснкиот менувач (најнов производ на ZF) се поставени над задната оска. Да секако, X5 FCV ќе има погон само на заднта оска.

Останатите технички специфики спаѓаат во веќе проверени решенија. Двата резервоара за течен водород имаат капацитет од 6 kg, и се набиени на притисок од 250 bar.

За сега не се комуницира колкав ќе биде досегот со едно полнење на резервоарите, но се знае, нивното повторно полнење не трае подолго од неколку минути.

Да потсетиме, технологијата на горивни ќелии за генерирање на електрична енергија користи водород во течна состојба кој потоа се меша со кислородот од воздухот.

При таа хемиска реакција се ослободува одредена количина на електрична енергија и се ослободува чиста водена пареа. Единствен проблем е што водородот за да остане во течна агрегатна состојба, мора да се чува на екстремно ниска температура – отприлика на -2500 C.

Основна предност во однос на електричните возила кои енергијата ја црпат од батерии, се состои во фактот што кај горивните ќелии генераторот на електрична енергија практично се носи со себе. Згора на тоа, полнењето трае речиси како кај класичните мотори, а целиот систем е за неколки стотини килограми полесен отколку кога би имал батерии.

Во секој случај, BMW влегува во овј проект со големи надежи и очекувања. А кога тоа го прават Баварците, потребната инфраструктура за полнење на водород, добива значаен импулс.

 

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: BMW

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот