СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Fiat го враќа Topolino

 

Предвоениот Fiat 500 толку беше популарен што народот нагалено, според Мики Маус на кој ги потсетуваше, го нарече Topolino што во превод значи мало глувче.

Fiat Topolino се појави во 1936 година и се произведуваше до 1955 година кога го наследи нам добро познатиот Fiat 600 односно Фиќо.

Сега, после толку време, Италијанците се подготвуваат да го реинкарнираат легендарното име нарекувајќи ја така својата верзија на Citroen Ami.

Иако ова официјално не е потврдено, тоа ќе биде доста мудар чекор на Stellantis за популаризација на Fiat не само на домашниот пазар.

Првиот прототип веќе бил покажан на дилерите, чии импресии се позитивни бидејќи бил подотеран отколку францускиот пандан.

Механиката веројатно ќе остане иста – електромотор од 8 KS, батерии од 5,5 kWh, максимална брзина од 45 km/h и автономија од 75 km.

Ќе се произведува во Мароко, а постои размислување да биде понуден и во отворена верзија со платнен покрив, исто како и оригиналот.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV