СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Lancia ќе лансира три нови модела, ама до 2028-ма

 

Започна планот на Stellantis за големото враќање на Lancia, но тој ќе трае десет години и засега предвидува само три нови модела.

Во Lancia се среќни бидејќи сега го продаваат само малиот Ypsilon кој е стар 11 години, и тоа само во Италија.

Новата гама предвидува претставување на по еден нов автомобил на секои две години – првиот во 2024-тата ќе биде токму наследникот на Ypsilon.

Како ќе изгледа ќе дознаеме пред крајот на годинава бидејќи веќе е започнато да се работи на концепт со кој ќе биде најавено идното дизајнерско изразување.

Нареден ќе биде кросовер со кој ќе се оживее историското име Aurelia, а после него ќе следи Delta, и двете само во електрично издание бидејќи од 2028 година Lancia ќе стане исклучиво електрична марка.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV