Водороден мотор поставен наопачки (на глава) и искомбиниран со електромотор, заедно поставени во спортско купе, е нешто што досега никој не го направил.
Ferrari неодамна пријави низа патенти со кои детално се опишува необичната визија на хибриден спортски автомобил покренуван со мотор со внатрешно согорување кој како гориво користи водород – кој, ни помалку ни повеќе, е поствен со главата надолу.
Решение со кое шефот на развојниот тим Фабрицио Фаварети поставува нови правила на игра.
Додека електричниот мотор поставен напред е веќе видено решение, назад вградениот, наопаку поставен, со погон на водород шестцилиндерски линиски мотор, претставува досега невидено решение.
Ова уникатно поставување вклучува уште и четири резервоари за водород, под висок притисок, позиционирани околу моторот, секој способен да издржи притисок од над 690 bar.
Централно место во радикалната технологија на Ferrari е користењето на водородниот гас како гориво, сместен во уникатна конфигурација на резервоари околу моторот.
Превртеното поставување на моторот овозможува стратешко позиционирање на критичните компоненти, олеснувајќи ја интеграцијата на агресивен дифузор неопходен за оптимални перформанси.
Патентот ги вклучува и сложените системи за принудна индукција, потоа во вклучување на компресори со електричен погон, механизми за рекуперација на енергијата, па дури и механички компресори поврзани директно со трансмисијата.
Оваа сложена поставеност има за цел да ја подобри испораката на енергија и ефикасноста, поместувајќи ги границите на конвенционалните автомобилски решенија.
„Во нашата континуирана потрага по иновативни решенија за погонски единици, го разгледавме секој елемент низ објективот на перформансите и одржливоста“, објаснува Фабрицио Фаварето, менаџер за иновации за архитектура на возила и погон во Ferrari.
Загриженоста во врска со сервисирањето и подмачкувањето на моторот поставен наопаку е прецизно разработена во патентот.
Решението на Ferrari вклучува иновативни системи за подмачкување управувани од брегасти вратила, обезбедувајќи пристапност до критичните компоненти на моторот, со истовремено одржување на оперативната ефикасност.
Моторот, наменет да биде поставен во средината на автомобилот, е дизајниран да биде во суштина „наопаку“ – што значи дека коленестото вратило ќе биде на врвот, а главите на цилиндерот на дното.
Според ревијата Motor1, оваа неконвенционална поставеност ќе му овозможи на трансаксл менувачот да биде поставен повисоко, со што ќе се направи простор за значително поагресивен заден дифузор, а како бенефит е одржувањето на пократко меѓуоскино растојание на автомобилот.
И покрај скептицизмот од некои кругови од автомобилската заедница, Фаварето останува непоколеблив во одбраната на иновативните идеи на Ferrari.
Тој го нагласува трансформативниот потенцијал на водородната технологија, нагласувајќи ја способноста на Ferrari да биде пионер на неконвенционални архитектури поддржани од деценискиот инженерски капацитет.
Додека остварливоста на целосната визија на Ferrari останува неизвесна, експертите од индустријата шпекулираат дека одредени елементи, како што се иновативниот пренос и интеграцијата на компресори, потенцијално би можеле да се материјализираат во идните модели на Ferrari.
Амбициозниот концепт на превртен мотор, иако предизвикувачки, ја означува непоколебливата посветеност на Ferrari да ги помести границите на автомобилското инженерство.