СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

EMP Izera – Jaguar на полски начин

Како што ветија, Полјаците ги покажаа прототипите на електричните возила од новата марка, која ја нарекоа Izera.

Се работи за SUV и хечбек од Ц-сегментот за кои засега малку се знае, но веднаш се забележува дека ги има дизајнирано човек кој работел за Jaguar.

На Полјаците сличноста со i-Pace не им пречи, додавајќи дека главниот дизајнер Тадеуш Јелец има работено заедно со италијанскотo студио Torino Design.

Она што повеќе сакаат да го потенцираат е дека ќе имаат автономија од околу 400 километри и дека до 100 km/h ќе забрзуваат за околу осум секунди.

Битно им е и што производството и продажбата во Полска ќе започнат во 2023 година, но засега не ги откриваат цените и плановите за извоз.

Зад овој проект стојат четири големи полски енергетски компании во сопственост на државата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот