СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

E-Legend EL1: Audi Quattro во мислите

 

Германска стартап компанија изработи електричен концепт кој би требало да се појави на почетокот од следната година.

Во E-Legend се цврсто решени концептот EL1 идната година да го лансираат како сериски модел. Добро, ова мора да се свати условно затоа што целата продукција е ограничена само на 30 примерока.

Јасно, станува збор за егзотика која никако не може да биде евтина. Да, започнувајќи од самиот облик кој е современа реинкарнација на прославениот Audi Sport Quattro S1, па завршувајќи до позајмувањето на механичката основа од Porsche Taycan.

Како деликатесно решение се нуди монокок шасијата изработени од јаглеродни влакна.

Сега веројатно станува јасно дека цената ќе биде адекватна на оригиналноста и ексклузивноста – 1.2 милиони евра.

Во цената се вклучени и трите електромотори со вкупна силина од 816 КС кои енергијата ја примаат од батерии со капацитет од 90 kWh.

Техничка специфика со која се прави разлика во однос на технолошкиот донатор се состои во новоразвиениот систем за ладење на батериите.

Перформансите се очекувано добри: првата стотка се фаќа за 2.8 секунди, а за постигнување на максималаната брзина од 200 км/ч потребни се нешто под 10 секунди.

Автономијата од 400-тина километри не делува воопшто спектакуларно, но внимавајте ваквите егземплари не се наменети за туристички авантури.

Е сега, сето ова го може и Taycan а чини речиси 10 пати поевтино. Но како што кажавме никој до сега не успеал да ја измери вредноста на ексклузивата, а уште помалку на уникатноста.

Затоа, ако ви фаќа око електричната реинкарнација на еден од легендарните рели шампиони, правец Германија и застанување на ред.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV