СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Donkervoort D8 GTO-JD70: Мало внимание за газдата (ВИДЕО)

 

D8 GTO е врвен модел на Donkervoort, а сопственикот Јоп Донкерворт (Joop Donkervoort) деновиве наполни 70 години. Убав повод да се изработи посебна серија од само 70 примероци.

Donkervoort гради спортски автомобили со пропорции кои диминирале во првите децении на минатиот век.

Двоседите со невообичаено долг преден дел, под каросеријата кријат најсовремена технологија. Да, и најчесто се без тврд кров!

Холандската работилница деновиве имаше убав повод, својот врвен модел, D8 GTO да го доработи до перфекција, односно егзотичното да го доведе до екстремни спортски граници.

Само 70 примероци од JD70 ќе им бидат понудени на купувачите, со привилегија првиот примерок да го повози лично сопственикот. Тоа и го заслужува основачот на работилницата кој полни точно 70 години.

Мотор од Audi

Ако го занемариме тој аспект на проектот, ќе забележиме дека под долгиот нос е сокриен пет цилиндерски турбо мотор од 2.5 литри со потекло од Audi.

Петстепенската мануелна трансмисија се грижи силината од 415 здрави коњи и моментот од 560 Nm да пристигнат до задните тркала. Новиот издувен систем со филтер за честички за задоволување на Euro 6d-Temp стандардот, е насаден пред задните тркала.

Тежина од 700 kg

Благодарејки на употребата на карбонски влакна и кевлар, вкупната тежина на JD70 е задржана на исклучително ниските, 700 kg. И без да погледнеме во таблицата со технички податоци, се насетуваат возбудливите перформанси.

Само 7.7 секунди се потребни за достигнување на – 200 км/ч; првата стотка се фаќа за 2 секунди и 7 десетинки. Спортистот без класичен кров, може да постигне максимални 270 км/ч.

Чувството веројатно е – неверојатно! Тоа поради надолжното забрзување кое изнесува 1.02 g и латералното кое постигнува вредност од цели 2.0 g. Ако некој се осудува да компарира ќе мора да се потсети на вредностите кои ги постигнуваат борбените авиони.

Подготвеноста на целиот долен построј за такви лудории е на потребното ниво. Тука се адекватните стабилизатори на двете оски, прилагодливите амортизери, пневматиците Nankang AR-1, …

Да не должиме, ако сте сеуште заинтересирани, потребни ви се 198 илјади евра, и веднаш можете да застенете на ред. Испораките почнуваат кон крајот на годината.

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Donkervoort

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот