СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Daimler ја продава фабрика на Smart

Без вработени, секако!

Откако се донесе одлуката производството на Smart да се пресели во Кина, Daimler планираше во неговата фабрика во Франција да го произведува претстојниот EQA.

Но сега дојдоа некои други времиња и како вели директорот на Daimler, Ола Келениус последиците на пандемијата создаваат нови услови на пазарот.

Така, со цел подобрување на структурата на трошоците, компанијата одлучи да ја продаде фабриката во францускиот град Хамбах, каде од 1997 година се произведува малиот градски автомобил.

Таа е во добра кондиција бидејќи пред две години доста се инвестираше во неа за да се подготви за производство на електрични возила, што ја прави атрактивна за купувачите од Далечниот Исток со амбициозни планови.

Во оваа фабрика која се наоѓа на самата граница со Германија работат 1.600 луѓе. Daimler не објави што ќе биде со нив.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV