СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Dacia Sandero, Sandero Stepway и Logan: Првични информации за целосно разработените модели

 

Dacia ги објави првите службени фотографии од целосно новите Sandero и Sandero Stepway како и третата генерација на Logan.

Идејата за достапен а воедно и квалитетен автомобил функционира веќе 15 години, а 6.5 милиони купувачи распределени на сите континенти можат да ги споделат сопствените искуства.

Успешната приказна започна со првата генерација на седанот Logan за потоа да продолжи со субкомпактниот Sandero, и неговата кросовер изведеница Sandero Stepway. За SUV-от Duster е кажано многу, а доволно ќе биде да потсетиме дека актуелната верзија вози на подвозје развиено од Nissan.

Трите целосно нови модели требаше службено крштевање да имаат на Парискиот авто шоу, но поради познатите пандемиски причини големата саемска манифестација одамна е откажан, па затоа премиерите на Dacia Sandero, Sandero Stepway и Logan ќе бидат витруелни а ќе се одржат на 29 септември.

До тогаш ќе можеме да ги анализираме современите форми со кои се обдарени новите „дачии“ и да констатираме дека веќе говориме за нови модели кои се подготвени за глобален настап.

Од оваа констатација ќе го исклучиме Logan кој поради специфичната, лимузинска форма ќе се продава само на пазари каде што во семејството се купува само едно возило за сите потреби. По игра на случајот во таа група сме и ние, така да сигурно ќе го има и кај нас.

Техничките детали за секој модел посебно, ќе бидат соопштени на службеното претставување, до тогаш можеме да констатираме дека сите три модели изгледаат современо и прават вистински исчекор од досегашните форми. Да се надеваме дека и цените ќе останат непроменети, односно навистина ќе бидат популарни.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV