СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Citroen DS Pallas Homage: Во чест на великанот

 

Технолошкиот великан Citroen DS Pallas виден со очите на независниот дизајнер Санг Вон Ли во денешно време би имал електричен погон и би изгледал вака некако. Прекрасно.

Citroen DS Pallas е роден во 1955 година, поточно добри две до три декади пред своето време.

Технолошките новитети во облик на хидропнеуматско ослонување или сериско вградување на диск сопирачки, во историјата на равојот на автомобилската индустрија ќе бидат запаметени како вистинска револуција.

И денес Citroen продолжува да продуцира напредни автомобили, но ниту еден од нив не ја турка индустријата напред како што тоа го правеше оригиналниот DS.

Соодветно наречен Citroen DS Pallas Homage, тој е дизајниран од Санг Вон Ли и во современиот свет го носи иконскиот дизајн на оригиналниот DS . Иако изгледа сосема поинаку од актуелните модели на Citroen, рендерите говорат за совршено враќање кон корените на оригиналот.

Почитувајќи го во целост оригиналот, дизајнерот го предлага DS Pallas Homage со долго меѓуоскино растојание и ниска линија на покривот, покриени задни тркала и облик кој непогрешно потсетува на оригиналот.

Санг Вон Ли го има замислено DS Pallas Homage со електричен погонски систем, па оттука и автомобилот е опремен со толку пространа кабина. Иако не е споменат на овие рендери, веројатно би имало доволно простор за багаж и во предниот и во задниот дел.

Дали можеме да се надеваме на сериска продукција? Сепак, се работи само за импресивно дело кое го потпишува независен дизајнер, додека Citroen нема допирни точки со студијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот