СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Citroën C4 e прогласен за Автомобил на годината во Македонија за 2021

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“, кое годинава по 26. пат ја организира најстарата манифестација од ваков вид кај нас, ги објави службените резултатите од годинешниот Избор.

Националното стручно жири за избор за Автомобил на годината во Македонија своето 26-то издание го одржа во услови силно детерминирани од пандемијата.

Но и непредвидливите Ковид-19 услови не беа пречка за задржување на традицијата на Изборот кој е со најдолга историја не само кај нас туку и на Балканите.

Годинава во финалниот избор влегоа осум ново пристигнати модели кои рамноправно учествуваа во борба за најпрестижната автомобилска награда во нашата држава.

Помеѓу  Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Skoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и VW Golf според гласовите на членовите на Националното жири, титулата Автомобил на годината во Македонија ја понесе Citroen C4.

Освен главната награда беа поделени и други признанија:

SUV на годината – Peugeot 2008;

EV на годината – Peugeot e-208;

Признанието „„Томислав Биљарац“ кое се доделува за посебен придонес за развој на автомобилизмот му е доделено на Вилјем Хорват.

Во годинешниот Избор освен членовите на Националното жири, еден глас беше доделен од онлајн гласањето на публиката (Skoda Octavia), како и еден глас кој го доделуваат нашите увозници (Land Rover Defender).

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг