СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Citroën C3 Aircross: Уникатни решенија во градскиот SUV сегмент  

 

Веќе се познати најважите детали – Citroën C3 Aircross е зголемен во должина, ќе се нуди во бензиска и електрифицирана верзија, но и како целосно електрично возило.

Лубителите на евроспки SUV возила ги очекува бозбудлив период. Првичните детали за C3 Aircross се веќе јавно објавени.

Изграден е врз Smart Car платформата која е преземена од новата генерација на субкомпактот Citroën C3.

Токму новата корпорациска платформа е заслужна за можноста во новиот SUV да се вградуваат бензиски, хибридни и целосно електрични погонски склопови.

Се претпоставува дека основната понуда ќе ја сочинува 1,2 литарскиот трицилиндерски бензинец кој е веќе произведен во милионски тираж. Верзијата која впрегнува 100 турбо коњи ќе биде употребена и во 48 волтна милдхибридна изведеница.

По облик идентичната електрична верзија силно ќе се ослонува на пазарно присутниот хечбек, ë-C3. Батеријата со капацитет од 44 kWh со едно полнење ќе може до помине околу 320 километри.

Сите овие елементи упатуваат кон заклучокот дека во Citroën сериозно поработиле на скратување на производните трошоци.

Се до оваа точка новиот Б SUV е предвидлив. Но робусниот облик, традиционалната функционалност и иновативната практичност се елементи кои се апсолутен новитет.

Да не заборавиме дека говориме за Citroën кој сеуште не заборавил на својата генетска иновативност.

Втората генерација на C3 Aircross е продолжена за цели 230 mm.

Тој податок заедно со меѓуоскиното растојание од 267 cm овозможуваат вградување на седум седишта.

Во случај на нивно преклопување останува багажен простор од 440 литри. Проектантите посебно внимание посветиле на искористување на просторот. Употребени се мал милион трикови кои се ставени во функција на практичноста.

Премиерата на Citroën C3 Aircross е закажана за почеток на летото, а до тогаш ќе почекаме и на цените. И на тоа поле очекуваме пријатни изненадувања.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот