СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Cayenne можел да биде електричен уште во 2019-тата

 

Што после Taycan, е прашањето што сите го поставуваат, а од Porsche на него стигнуваат измешани одговори.

Сите тие се вртат околу тоа дека германскиот производител со многу пари вложени во развојот на платформите и батериите сака до 2030 година да електрифицира 80% од својата гама, но по кој редослед?

Засега е извесно дека наредната генерација на Macan која ќе биде претставена идната година, покрај бензинските ќе има и електрична верзија, базирана на PPE платформата која се развива заедно со Audi.

Понатаму, се очекува дека Porsche истото да го стори и со 718, се разгледува појавувањето и на електрична Panamera, додека 911 засега е надвор од игра.

И веднаш се забележува дека Cayenne не се споменува, иако тој би бил најлогичен електричен чекор после Taycan (и пред Macan), а сега се дозна и зошто.

Имено, заедно со интерните персонални промени на површина исплива веста дека Porsche бил подготвен уште во 2019 година да го понуди Cayenne и во чисто електрична, а не само во плаг-ин верзии.

Но тогаш одлука за тоа не била донесена, така што останува сега, со подготвувањето на негово обновување идната година, да се случи и тоа.

Но дали навистина ќе се случи е големо прашање.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV