СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Citroen C5 се врати [видео]

 

Во една сосема поинаква форма каква не сме го ни замислувале, Citroen C5 се врати на пазарот.

Новиот модел ја има ознаката C5 X со која Citroen јасно ни става до знаење дека е поинаков.

Дизајнерски е нешто помеѓу караван и SUV и на прв момент веднаш ќе ве натера да помислите на C4.

Од него сепак е доста поголем – долг е 4,81 метар, широк 1,87 м и висок 1,48 метри, а има багажник со раскошни 545 литри, кои со преклопување на задните седишта нараснуваат на 1.640.

Исклучително пространата внатрешност е со интересен дизајн во кој доминира 12-инчниот централен екран на инфо-забавниот систем кој може да препознава и говорни команди.

Се разбира, удобноста ќе биде на највисоко можно ниво какво сме навикнале кај моделите на Citroen, па дури и над тоа бидејќи некои верзии ќе имаат активно ослонување.

Моторната понуда не е објавена – се знае само дека покрај бензинските верзии ќе биде на располагање и со плаг-ин хибридна погонска група со 225 KS и 50 километри електрична автономија.

Дизели не се споменуваат, а во продажба ќе се најде подоцна годинава.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV