СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

BYD Seagull: Рушење на ценовните бариери

 

По отварање на листата на нарачки, во само еден ден на Seagull се претплатија над 10 илјади купувачи. Да, цената на кинескиот пазар е популарна – 10,4 илјади евра.

Кинеската аутоиндустрија е во налет кој долго и темелно беше испланиран.

Само минатата година во светот се извезени преку 3 милиони возила.

Веројатно нивните стратези мислат дека сега е вистинскиот момент за намалување на цените на електричните возила.

И диригиран напад на светските пазари.

Широката технолошка база и независноста од надворешни фактори им го овозможува тој луксуз.

Најавата на тој пристап доаѓа во вид на моделот Seagull, произведуван од корпорацијата BYD, а кој беше претставен на салонот, Auto Shanghai 2023.

Изграден врз корпорациската платформа e-Platform 3.0 предвидува вградување на погонскиот е-мотор (55 kW – 75 КС) на предната оска.

Два сета батерии со капацитет од 30 и 38 kWh овозможуваат автономија од 305 односно 405 километри. И во двете верзии батериите може да се полнат и на брзи полначи.

Петвратниот четирисед е долг 372 cm, изгледа типично за времето кое го живееме, но она што е најважно, стартниот модел чини нешто над 10 илјади евра.

Домашниот, кинески пазар на овие бројки веднаш реагираше бележејќи за автомобилот, само за еден ден, 10 илјади претплати.

Според манифестираниот интерес, етаблираните светски производители кои мака мачат со прозиводство на е-автомобил кој не би чинел поскапо од 20 илјади евра, со BYD Seagull ќе имаат голем проблем.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV