СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Bugatti La Voiture Noire: Најскапиот нов автомобил во историјата (видео)

 

La Voiture Noire е рачно изработен Bugatti за кој сопственикот платил 18 милиони евра.

Фердинанд Пих, екс шефот на групацијата Volkswagen си порача посебен автомоибил кај Bugatti.

Како што и приличи на човек со таква репутација, направено е купе врз база на Chiron.

Уникатноста на рачно изработениот хипер спортист заслужува и посебно име: La Voiture Noire (на француски, црн автомобил).

Изработен целосно од карбонски влакна, La Voiture Noire го придвижува мотор од 16 цилиндри распоредени во W-конфигурација.

Осумте литри работен волумен потпомогнати од четири турбо полначи испорачуваат 1.500 КС и момент од 1.600 Nm.

Инспирација при изработката на La Voiture Noire е побарана во далечното минато на брендот и пронајдена во моделот Type 57 SC Atlantic.

Тој е произведен во раните триесетти, пренесен преку Атлантикот и потоа, по втората светска војна му се губи трагата.

Посебните нарачки имаат и посебна цена. Bugatti La Voiture Noire е проаден по цена од околу 18 милиони евра.

Претседателот на Bugatti, Стефан Винкелман се пофали дека тоа е најскапиот нов автомобил во историјата. Останува да и веруваме на оваа изјава!

За да создадете вистинска слика за што точно се работи, ви предлагаме да го погледнете приложеното видео.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Ogobj6NVVFs[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот