Само едно прикажување пред потенцијалните купувачи беше доволно Volkswagen Group да ги продаде сите 40 примероци на Bugatti Divo. Цената од 5.8 милиони долари очигледно не претставуваше проблем за автомобилските влубеници во перфекцијата.
Дали Bugatti Chiron може додатно да се подобри? Очигледно одговорот на ова реторичко прашање е потврден.
Погледнете ги фабричките фотографии на Divo и се ќе стане кристално јасно. Иако основата на двата модела е практично идентично, инженерите пронашле доволно простор за подобрување.
Притоа експертите по аеродинамика дале свој посебен придонес. Зголемените спојлери заедно со задниот дифузер сега генерираат вкупна потисна сила од 456 kg.
Естетските интервенции се и повеќе од очигледни, но тоа што е сокриено од очите на автомобилските занесеници се податоците за видно зголемена стабилност како на правци така и на брзите свиоци.
А таа прекрасна новина игра посебна улога при поголемите брзини. За да се засили тој ефект, шасијата и потпирањето се наново оптимизирани.
Конструкторите сметат дека максималните 380 км/ч ќе бидат сосема доволни и за најпребирливите. Како аргумент се користи податокот кој говори дека тркачката патека Nardo која се маоѓа во јужна Италија, Divo ја поминува за 8 секунди побрзо од Chiron.
Осум литарскиот W16 мотор на Divo, иако идентичен со неговиот донатор, подесен е на 1.480 КС.
Зголемената ефикасност, објаснуваат термодинамичарите, е постигната со зголемен проток на воздух за ладење. Очигледните интервенции во контролната електроника никој не ги споменува.
Инаку, името на овој Bugatti е преземено од францускиот воен пилот Albert Divo кој освен што се борел во првата светска војна, бил страствен автомобилски тркач.
Bugatti Divo службено е прикажан вчера (24.08) на Pebble Beach Concours d’Elegance во Калифорнија, и како што кажавме сета предвидена продукција од 40 примероци веќе е распродадена. Да, цената на Bugatti Divo изнесува 5.8 милиони долари (околу 5 милиони евра) – по примерок, се разбира!