СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Bugatti Chiron Sport Les Légendes du Ciel [видео]

Bugatti подготви уште едно специјално издание на Chiron, наречено Sport Les Légendes du Ciel.

Креирано е во чест на успесите на Bugatti во авио-индустријата и на трките на почетоците на 20-тиот век и ќе чини 2,88 милиони евра.

Обоен е во мат-сиво со бела тркачка лента преку средината, а зад предните крила аплициран е мотив со француското знаме.

Маската на Chiron Sport Les Légendes du Ciel е црна, а на неколку места се среќава лого на авионски мотор кое се проектира на тлото при отворање на вратите.

Се среќава и во ентериерот со браон кожа, алуминиумски детали и скици на Nieuport 17 авионот и Bugatti Type 13 болидот на облогите на вратите.

Моторот е познатиот осумлитарски W16 со 1.500 KS и 1.600 Nm, облагороден со издувен систем од Inconel.

Серијата на Chiron Sport Les Légendes du Ciel e ограничена на 20 примероци.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV