СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW i8 Roadster: Хибриден поглед кон небото

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWi8Roadster not found

 

Од мај месец во салоните ширум светот BMW ќе го понуди својот хибриден спортист во варијанта со отстранлив мек кров.

Појавата на BMW i8 во 2014 година во автомобилскиот свет беше означена како почеток на една нова ера.

Извонредниот стилски облик под кој се криеше напредна технологија, на 2+2 купето му обезбеди одличен прием кај лубителите на спортски доживувања кои истовремено имаат почит и кон чистата природа.

Одлично подготвената основа сега стратезите на BMW ја надоградуваат со понуда уште на две верзии: Coupe и Roadster. Освен каросериските прилагодувања во двете нови изведби се вградуваат и нов сет на покапацитетни батерии како и пософистициран енергетски менаџмент.

Всушност кога говориме за новите варијанти кои се разликуваат само по кровната конструкција, тогаш како тема обработуваме врвна автомобилска технологија во која се имплементирани најсовремените достигнувања од хибридната технологија. И тоа вградена во спортски двосед кој според капацитетите припаѓа во „горниот дом“ на перформансните двоседи.

При изработката на шасијата е користен лесниот  алуминиум додека каросеријата е составена од карбонски влакна. Сместувањето на сетот литиум-јонски батерии на самата подница овозможува ниско тежиште и идеална распределба на тежината по оски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Од друга страна овој пристап им овозможува на дизајнерите да си дозволат максимална креативност при дизанирањето. Можност која тие максимално ја искористиле.

Склопливиот мек кров на i8 Roadster, на спортскиот двосед му овозможува сосема нова димензија. Се во стилот на LifeDrive филозофијата која баварците внимателно ја негуваат. Инаку, преклопувањето на кровот трае само 15-тина секунди и може да се изведе се до брзини од 50 км/ч.

Сето ова олдично звучи а уште подобро изгледа, но што со останатите технологии? По се изгледа на оваа позиција нé чека одговор кој доаѓа од блиската и применлива иднина.

За погонот на двете оски (меѓусебно одалечени на цели 2.800 mm) се грижат напред сместениот бензинец кој ги врти задните тркала и електромоторот задолжен за погон на предната оска.

Трицилиндерскиот турбо бензинец од 1.5 литри – како што и приличи, со сите вградени технолошки пикантерии – ослободува 231 КС и вртежен момент од 320 Nm.

Од друга страна зголемениот капацитет на батериите од 20 на 34 Ah и помоќниот електромотор кој сега ослободува 105 kW/143 КС (250 Nm) овозможуваат автономија од 55 км притоа постигнувајќи најголема брзина од 120 км/ч.

Но почекајте да ги слушнете резултатите од ангажманот на двете погонски единици: системска силина од 374 КС, забрзување од 4.6 секунди и максимална брзина електронски ограничена на 250 км/ч! Сето тоа со просечна потрошувачка од 2.0 литри бензин и 14.5 kWh за поминување на 100 км низ комбинирани услови на возење.

Бидејќи станува збор за плагин хибрид, реално во градски услови може да се смета со 5 литри додека на подолги релации со 7 литри бензин за секои 100 км. Е до таму е стигната во моментот хибридната технологија.

За безбедносната или пак опремата за забава, конективноста како и за вградување на новите системи во некоја друга прилика.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот