СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi Q5 e-Tron – Голем, електричен и убав

 

Audi Q5 во оваа генерација е присутен на пазарот од 2017-та, но тукушто претставената негова e-Tron изведба е нешто сосема поинакво.

Станува збор за голем електричен SUV со седум седишта предодреден да освојува купувачи само на кинескиот пазар и никаде на друго место.

Според габаритите, Audi Q5 e-Tron има димензии отприлика колку e-Tron – должина од 4,9 и меѓуоскино растојание од безмалку 3 метри.

Технички е брат-близнак на Volkswagen ID.6, но зачинет е со врвни опции, меѓу кои се и трите реда седишта кои може да ги има 7 или 6 во полуксузната изведба.

Како и целото e-Tron семејство има карактеристична маска и full-LED или опционално Matrix светла, а пластичните заштити му даваат теренски карактер.

Во кабината нема изненадувања – амбиентот веќе е виден кај Q4 e-Tron, а батериите со капацитет од 83,4 kWh му обезбедуваат автономија од околу 560 km.

Audi Q5 e-Tron ќе биде достапен во две верзии – со еден електромотор со 204 KS и погон назад и со два електромотора со вкупни 312 KS и 4×4 погон.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV