СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Alfa Romeo Tonale: Одбројувањето започна

Италијанскиот конкурент на BMW X1, Mercedes GLA и Audi Q3 ќе се појави напролет идната година.

Фузијата на концерните FCA и PSA сé уште не е комплетирана, но веќе ги донесува првите резултати, и тоа во облик на компактен SUV со амблемот на Alfa Romeo.

Така Tonale кој според нивната спецификација е дефиниран како CUV (Crossover Utility Vehicle), ќе биде осма изведеница на европскиот автомобил на годината Peugeot 3008.

И најубава – Baby-Stelvio како што го нарекуваат, е атрактивно дизајниран и спортски ориентиран модел долг околу 4,4 метри, кој во целост ќе ги предизвика емоциите на љубителите на марката од Милано.

Ќе доаѓа само со погон на предните тркала, иако во перспектива е веројатна и хибридната 4×4 изведба според француската Hybrid4 формула.

Дотогаш за погон ќе се грижи италијанската кавалерија од Firefly (1.3 со 180 KS и 48-волтна хибридна поддршка) и Multijet (2.0 со 140 и 170 KS) ергелите.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV