СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mahindra и REE Automotive заеднички ќе развиваат електрични комерцијални возила

 

Индискиот автомобилски гигант Mahindra&Mahindra и Израелската стартап компанија REE Automotive заеднички ќе развиваат комерцијални електрични возила наменети за глобалниот пазар.

Израелците веќе имаат развиено платформа за електрични комерцијални возила, а останатото би требало да го обезбеди Индискиот партнер.

На годишно ниво Mahindra планира продукција на 200 до 250 илјади единици.

Карактеристично за оваа стратешка соработка е што платформата ќе биде модуларна со можност за различни надградби, па дури и за поголеми камиони.

Техничкиот аспект на соработката ни открива вградување на електромотори на секое тркало што, барем за сега, се користи само кај екстремните супер спортисти од калибарот на Rimac.

Со тоа се овозможува целосно рамна подница на која потоа може да се надоградат батерии со различен капацитет. Всушност, можноста за зголемен простор за сместување на батериите е предност која кај комерцијалните возила е посебно ценета.

Поставувањето на електромотори на секое тркало овозможува и независен погон, како по оските така и во склоп на една оска. Интегралниот погон и сé што тој носи како проодност е уште еден бенефит кој го носи платформата на REE Automotive.

Земајќи ја во обзир големината на Индискиот пазар, предвидената продукција воопшто не би требало да претставува некоја потешкотија. И не помалку значајно, конечно подолго време развиваната платформа ќе си ја најде својата употребна вредност.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV