СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Afeela EV Prototipe: Брак помеѓу технолошките гиганти

 

Sony Honda Mobility Inc. (SHM) во Лас Вегас го претстави својот нов бренд “AFEELA“ под чии ознаки се појави и концептот, Afeela EV Prototipe.

Така тоа го прават јапонците. И воопшто не им претставува проблем да се спојат во возбудливи проекти.

Бездруго токму таква иднина го очекува и новородениот бренд „Afeela“.

Ништо помалку од тоа и не се очекува кога ќе се спојат технолошките капацитети на компании од калибарот на Honda и Sony.

Логиката е и повеќе од јасна: автомобилите се преполни со електроника која умно ја контролира механиката, а има и одлучувачки глас при управување со безбедносните системи.

Во конкретниот случај со Afeela EV Prototipe, претставен на традиционалниот CES® 2023, кој се одржува во Лас Вегас, говориме за целосно електрично возило (EV).

Сериската верзија се очекува да биде идентична на претставениот концепт, а на пазарот се очекува во 2025 година.

Околу употребените технологии не би требало многу да се дискутира. Се очекува ниво на автономија „Level 3“ која ќе биде овозможена од 45 камери и сензори вградени во внатрешноста и надворешноста.

Брзата обработка на податоците е загарантирана од Qualcomm Snapdragon Digital платформата.

Внатрешноста е осмислена во стилот на минимализмот без непотребни визуелни ефекти, туку со фокус на маскималното поедноставување на управувањето.

Околу визуелизација на надворешноста се вложени сериозни напори како изгледот би одговарал на клиентите од глобалниот пазар.

На ова поле нема некои спектакуларни излети во иднината, сепак нели, се работи за јапонци кои приоритетно се бават со рационализација и ефикасност.

За техничките специфики ќе мора малку да попричекаме, но дали некој би требало да се сомнева дека ќе бидат врвни?!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV