СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Zeekr X: Многу повеќе од обичен кинески новитет

 

Уште еден кинески бренд е веќе подготвен за фаќање во костец со постојната конкуренција на компактни електрични возила. Zeekr X има амбиции за освојување на глобалниот маркет!

Во автомобилските кругови, Zeekr важи за прилично анонимен бенд.

Зар со таков бренд кинезите планираат да ја нападнат Европа, и тоа во пренатрупаниот сегмент на компактни кросовери.

Многу логично прашање, нели? Но зарем некој мисли дека кинезите би можеле да направат таква грешка во чекори. Никако!

Zeekr е премиум бренд на Geely Holding. А таму друштво му прават имиња од калибарот на Volvo и Smart, а не би не изненадило кон ова друштво да се приклучат и други светски играчи.

Токму SEA (Sustainable Experience Architecture) платформата врз која е изграден и Zeekr X, претходно е употребена за консктрукција на Smart #1, а ќе биде употребена и за новитетот, Volvo XC30.

Капацитетната платформата која е понудена и на други врвни производители би требало да е доволна гаранција за учество во премиум друштвото.

Освен платформата, идентични со Smart #1 се и употребените мотори. Варијантата само со еден мотор (вграден позади) ослободува 200 kW (272 КС), а во случај на втор електромотор кој се вградува на предната оска вкупната силина се искачува за нови 115 kW (156 КС).

Двомоторната опција, првата стотка ја фаќа за само 3 секунди и постигнува брзински максимум од големите 190 км/ч. Информациите за капацитетот и видот на батериите ќе бидат обзнанети на априлската премиера која ќе се одржи на салонот во Шангај.

Кога вака ќе се погледнат бројките – Zeekr X кој во должина брои 4.450 mm и е поставен на меѓуоскино растојание од 2.750 mm – делуваат прилично убедливо. Обликот е вистинско освежување во класата на урбани SUV возила.

Можеби е претерано да се говори за драматичност на пропорциите, но главниот дизајнер Штефан Силаф (Stefan Sielaff) со својата екипа од Гетеборг завршиле одлична работа.

Отсуството на рамки на вратите и ретровизорите, потоа невидливите брави како и графиката на светлосните групи, ја разбиваат монотонијата во класата на урбаните SUV модели.

Со нескриени амбиции е димензионирана и опремата која не остава многу за посакување. Во сите вредности на Zeekr X најпрвин ќе може да се уверат купувачите од Норвешка, Холандија и Шведска. А пред тоа пулсот на клинетите ќе биде опипан на домашниот, кинески пазар.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV