СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Новиот McLaren W1 е ултимативен спортист со 1.275 КС

 

Наследникот на McLaren F1 и P1 добива хибриден V8 со системски 1.275 КС, чини 2,4 милиони, а вкупно ќе се произведат 399 примероци.

Новиот McLaren W1 е трет во линијата на хипер спортисти на британската компанија и наследник на легендарните модели F1 и P1.

Главните својства говорат за 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор, кој потпомогнат од електромотор, ослободува 1.275 хибридни КС.  Заедничкото дејство значи забрзување од 2,7 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 350 km/h.

Воодушевачките бројки не застануваат тука. Постигнува 0-200 km/h за 5,8 секунди и од 0-300 km/h за помалку од 12,7 секунди. Сопирањето заслужува посебни аплаузи: ќе застане од 200 km на час на само 100 метри.

Додатно, „Е-модулот“ развива 342 КС, кој во комбинација со новиот V8 со 915 КС, кај W1 произведуваат повеќе силина од кој било патен автомобил на McLaren што дошол пред него. Тој на вага покажува 1.399 kg (празен) и во должина мери 4.635 mm – 47 mm повеќе од P1.

Фасцинантните бројки на W1 се должат и на „аеродинамиката со ефект на потисок инспирирана од F1 болидите“– вклучувајќи ја можноста за промена на висината која може да се намали до 37 mm и заден спојлер Active Long Tail кој се померува наназад за 300 mm. Резултат: до 1.000 килограми потисна сила при 280 km/h.

Носечката конструкција е изведена од јаглеродни влакна, W1 може да се пофали со карбон-керамички тркачки сопирачки и систем за суспензија составен од внатрешни пружини и амортизери изработени со 3D-технологија. Управувањето е преку електро-хидрауличен систем за кој производителот вели дека нуди „ултимативна прецизност“.

Технички, McLaren W1 е plug-in хибрид, иако декларативно, електриката служи само за климатизација на батериите. Батеријата од 1,4 kWh не нуди значаен електричен досег (официјално, 2,5 km), но овозможува тивко стартување и тивко маневрирање, сето тоа преку ссумстепениот DCT менувач.

Случајно или не, новиот модел се совпаѓа со 50-годишнината од првата титула на McLaren во F1 освоена во 1974 година. Тогаш Емерсон Фитипалди го подигна трофејот и стана најмладиот светски шампион на своето време. McLaren оттогаш освои вкупно 12 титули за возачи и осум за конструктори.

Изграден околу монокок од јаглеродни влакна од McLaren Aerocell, стилот на W1 е еволуција на претходните модели – иако со поостри рабови кои се аеродинамички оптимизирани по поминати 350 часа во воздушен тунел.

Крилните врати се отвораат како би ја откриле целосно новата кабина. Педалите, управувачот и примарните контроли може да се прилагодат спрема пропорциите на возачот, нудејќи го она што McLaren го нарекува „најчиста врска со автомобилот“.

Нема задно стакло, поради тоа W1 користи дигиталeн реровизор кој ја проектира сликата од камера сместена под антената. Придобивката од овој распоред значи дека W1 може да се пофали со 117 литри простор за складирање зад предните седишта; потпирачите за глава се преклопуваат за да откријат доволно простор за „две викенд торби“.

И покрај недостатокот на стакло, McLaren тврди дека W1 нуди одлична видливост – делумно благодарение на најтенките А-столбови на компанијата досега. Покрај фиксните седишта, W1 располага со нов управувач со рамен долен дел на кој има пар прекинувачи – прв пат во марката.

Овие прекинувачи ги контролираат функциите „забрзување“ и „намалување на на отпорот“ (DRS) на автомобилот – второто преку активното задно крило. Останатите копчиња – како што се оние за избор на брзина и режим на трка – се наоѓаат над главата на возачот.

McLaren W1 се нуди по цена од околу 2,4 милиони евра вклучувајќи ги даноците во Велика Британија. Вкупно ќе бидат изработени 399 автомобили, а веќе се евидентирани сите купувачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот