СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Возете и почитувајте

 

Годинава школските распусти започнаа со мало задоцнување во однос на досегашниот календар. Истовремено, се чини малку и предвреме, пристигна летото.

Школските обврски завршија, а и добро испланираните „лански одмори“ треба да се искористат.

Убавини, одлични услови летните одмори да започнат. Според добрата традиција ќе се патува со семејства, во друштво со пријатели, во двојки,…

Од аспект на сообраќајот тоа значи зголемена мобилност на граѓанството.

Или попрецизно, во овој период од годината урбаните средини се празнат, а гужвите се префрлаат на отворените патишта.

За да протече сé според предвидените планови, би сакале да укажеме на неколку неопходни подготовки. Целта ни е само да потсетиме на што да се обрне внимание, а исто така и да ги посоветуваме новопечените возачи:

> прво и основно: на пат се тргнува само со технички исправен автомобил;

> добро испланирајте ја рутата на патување – навремено информирајте се за евентуалните застои;

> мора на сите патници да им се овозможи удобен и пријатен престој во возилото. Притоа апсолутен примат треба да има возачот;

> микро атмосферата во возилото многу зависи од температурата, подесето го клима уредот на температура не пониска од 10 степени во однос на надворешноста;

> обезбедете се со доволно течности кои треба да се консумираат во мали колични на кратки периоди. Најпогодни за хидратација се водата, ладните чаеви и негазираните сокови.

> ако дестинацијата е подолга, практикувајте паузи кои се препорачуваат после два часа возење.

Иако звучи познато, па и досадно, сепак од круцијална важност по безбедноста на вашето патување, по ниту една цена НЕ правете го следното:

>> НЕ возете брзо! Доволно ќе биде да ги следите сообраќајните знаци;

>> НЕ претекнувајте колони возила. Исклучително опасно дејство кое може да заврши болно. И ако по некоја луда среќа помине без последици, сметајте дека максимално ги иритирате оние кои ги претекнувате на „индијански“ начин;

>> НЕ се правете премудри со тоа што ќе се престројувате од една во друга колона додека чекате во ред. Чувството дека другата колона е секогаш побрза е лажно. Згора, на останатите учесници им се шетате по нервниот систем;

>> НЕ возете агресивно. Така побрзо ќе се заморите, а другите ќе ве сметаат за неизживеани примитивци.

>> НЕ возвраќајте на провокациите. На тој начин влегувате на теренот на возачите-провокатори. Опасно е, а тие секако подобро ќе се снајдат на тоа поле.

Сублимирано овие „НЕ“ значат само едно – почитувајте. Почитувајте ги останатите учесници во сообраќајот. Ако не наидете веднаш на разбирање, слободно препуштете им го ним нецивилизираното однесување.

Ова се само основние „правци“ за безбедно патување. Во спротивно, исклучително позитивното искуство кое го нарекуваме патување, може да се претвори во негативен сплет од нервоза, замор, непријатност.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг