Новиот VW Golf GTI Clubsport, пред ентузијастичката група љубители на мотоспортот, беше претставен на легендарната тркачка патека Нирбургринг .
Тие први го разгледаа новиот подобрен модел кој со целосно редизајниран преден дел сега изгледа уште помоќно и попрепознатливо.
Стандардните LED Plus фарови се обновени. За прв пат, возилото го има и осветлено лого на VW напред.
Големиот спојлер на покривот одзади обезбедува максимална притисна сила. Редизајнирани се и лед групите на задни светла
Дизајниран за максимални перформанси
Нови се и 19-инчните алуминиумски Queenstown тркала. Со нивниот впечатлив дизајн од пет овални полукругови, тие ги евоцираат класичните Detroit тркала, кое беа претставени на Golf GTI од петтата генерација.
Како дополнителна опција, Golf GTI Clubsport сега може да се конфигурира со новите 19-инчни ковани Warmenau тркала.
Со тежина од само осум килограми по бандаж, овие тркала ги намалуваат неамортизираните маси и на тој начин ги оптимизираат перформансите.
Различните функции и системи на Golf GTI Clubsport се координирани со користење на ново развиен мултифункционален кожен спортски управувач и нов систем за инфозабавен систем.
Тој е интуитивен и му овозможува на возачот уште подобра можност за концентрирање на патот. Врвната понуда на новиот GTI го содржи и новиот гласовен асистент IDA со интеграција на ChatGPT.
Импресивни перформанси
Новиот Golf GTI Clubsport е импресионира и од внатре и од надвор: GTI турбо моторот (EA888 LK3 evo4) испорачува вртежен момент од 400 Nm и моќност од 300 КС (221 kW), кои се пренесуваат на патот преку електронски контролиран преден диференцијал.
DCC адаптивната контрола на шасијата е достапна како опционална опрема. Друг белег на Golf GTI Clubsport е ексклузивниот Special мод на возење.
Овој начин на возење ги кординира системите релевантни за динамиката на возење со посебните карактеристики на патеката на Нирбургринг – се со цел да се компензираат осцилациите типични за Nordschleife.
Максималните перформанси се постигнуваат благодарејќи на сетирњето на вертикалните движења кои се под надзор на адаптивната контрола на шасијата DCC, како и на надолжна динамичка поставеност на системот Vehicle Dynamics Manager.
Volkswagen Golf GTI Clubsport забрзува од место до 100 km/h за 5,6 секунди; максималната брзина на најмоќниот GTI е електронски ограничена на 250 km/h.
Сепак, оваа граница може да се надмине со пакетот Race кој ја зголемува максималната брзина на 267 km/h.