СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Honda Civic Type R: Цивил со тркачки гени

 

Со 330 КС само на предната оска, Type R цели кон соборување на рекорди исто колку и на смирена секојдневна употреба.

Единаесеттата генерација на Civic светот го виде пред точно половина век, а изведеницата, Type R доаѓа кога спортистот слави 25 години.

Базирајќи се на долга традиција на автомобили со перформанси инспирирани од духот на трките, моделот од следната генерација е дизајниран да го испорача најбрзиот Civic Type R досега,

Новиот тркач, малку изненадувачки, доаѓа во класична поставка: 2.0 литарски VTEC турбо мотор поставен под хаубата, погон само на  предната оска, рачен менувач, класично потпирање,…

Главните специфики, најсилен мотор во класата и отсуството на било каква електрификација, силно е поддржан, и замислте сега, од „конзервативен дизајн“ кој е атипичен за Civic.

 

Мотор од 330 коњи

За производител чиј 1.6 литарски хибриден мотор од приближно 1.000 КС е светски шапион во Formula 1, јасно е како бел ден. Турбо моторот од 2.0 литри, без никакви последици, можат да го навијат на далеку поголема максимална силина.

Воздржувањето од прикажување на мускули се прави само со една цел – Civic Type R е конципиран само со погон на предната оска.

За чудо, ниту еден друг играч во оваа класа не се осудува премногу да се доближи до границата од 300 КС. Ако ја пречекорат таа граница тогаш силината оди на двете оски.

Предна оска која е задолжена за управување и на која атакува бројна ергела од спортски настроени коњи, може да исконстриураат само јапонците. На ова поле останува Honda да се трка сама со себе.

Од механичките специфики се издвојува вградувањето на шестстепенски рачен менувач. Освен што се работи за моментален тренд, производителот тврди дека одлуката е во склад со барањата на тркачки настроените татковци.

 

Подесување според вкусот

Civic Type R до првата стотка сприната за 5,4 секунди, со мкасимум на брзината поставен на 275 км/ч. Убави се тоа бројки, но уште поважно од тоа е начинот на кој тие се остваруваат. Максималниот момент од 420 Nm се постигнуваат при ниските 2.200 врт/мин.

Возачот има на располагање три мода: Comfort, Sport и Individual (+R), со кои се одредува карактерот на возилото. Изборот на Comfort начинот на возење значи глатка употреба на управувачот, педалот за гас, звукот од издувнот и прилагодливите амортизери.

Во Sport модот работите стануваат малку повозбудливи, со многу поприсен контакт со асфалтот. Изборот на +R значи исклучување на системите за тракција, стабилизација и ABS-от, па така подесен Type R може директно на тркачка патека.

Тогаш до израз доаѓа целиот раскош на применетите техничките решенија. Каросеријата е максимално олеснета со примена на цели склопови од алуминиумски легури. VTEC моторот е посилен од претходникот, а возилото побалансирано. Новата аеродинамика дава несебичен придонес кон доживувањето.

 

Чекор назад со дизајнот

Внатрешноста на Type R е јасно ориентирана кон возачот, нему му е сé подредено.

Од седечката позиција па се до дигиталната табла со инструменти. Перфектната завршна изработка со посебно одбрани материјали сочинуваат омбиент кој може да послужи за пример.

Приговорот е адресиран кон надворешниот дизајн, кој во најблага форма кажано, е малку контроверзен.

Не станува тука збор за некакви неадекватни решенија. Но луѓе мои, погледнете го претходникот па да дискутираме.

Најновиот Civic Type R изгледа преконзервативно, нема тука решенија од „иднината“ како што сме навикнати. Или можеби естетската симплификација е нешто на кое ќе мора во иднина да се навикнеме.

Ако ја погледнеме големата слика ќе видиме технолошка доминација во популарната класата на спортски хечбек варијанти, со која Honda уште еднаш го покажува својот раскошен талент во градење на спортиви кои можат да послужат и за секојдневна употреба.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот