СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volkswagen ID.2all Concept: електрика за народ

 

Концептот ID.2all во неизменета, сериска верзија се очекува 2025 со почетна цена од 25 илјади евра. Конструкторите тврдат дека ќе има досег од 450 километри.

Volkswagen целосно ја ресетира својата развојна стратегија. Сите погледи сега се насочени кон електричната енергија.

Според плановите, до 2026 година, вториот најголем светски производител на пазарот ќе исфрли 10 нови модели кои ќе се движат на струја.

Враќајки се на стратешките корени, новиот ID.2all Concept, односно ID.2 со солидниот квалитет и пристапната цена би требало да биде мамец за широк круг корисници.

Идејата е копирање на филозофијата на првата генерација на Golf, која подоцна ќе стане синоним за „народен автомобил“ соборувајќи ги сите продажни рекорди.

Освен во пристапот аналогијата може да се забележи и на некои дизајнерски позиции, како што е Ц-столбот кој недвосмислено потсетува на првиот Golf.

ID.2all е поставен на влезната MEB платформа која е посебно развиена за електричниот програм на Volkswagen.

Како што кажува и самото име, во овој случај збориме за „влезна“ (читај: поедноставена) верзија во однос на поголемите актуелни модели од гамата.

За разлика од поголемиот ID.3, електромоторот од 166 kW/226 КС е поставен во предниот дел. Според симулациите автономијата (мерено според WLTP-процедурите) на ID.2all би требало да изнесува околу 450 километри.

Андреас Минд (Andreas Mindt) одговорен за дизајн на патничките возила на брендот вели дека ID.2all Concept говори со новиот дизајнерски јазик на Volkswagen кој се базира на три столбови: стабилност, допадливост и ентузијазам.

Сето ова одлично звучи, но до сериското претставување на кое ќе треба да почекаме уште цели две години, прашање е што ќе понуди конкуренцијата од Далечниот исток.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV