СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Stinger го предава спортскиот трон на EV6 GT

 

За крајот на годината Kia го најави гаснењето на Stinger, заменувајќи го така спортскиот трон со електричниот спортист, EV6 GT.

Очекувањата за наследник на Stinger, кој би бил во некаква засилена електрифицирана верзија, не се остварија.

Плановите на Kia строго пресудија во корист на конструкција на целосно нов спортист. Разделбата е закажана за крајот на годината.

Во таа чест, Kia нé почести со импресивно видео од GT верзиите на Stinger и EV6 моделите. Тие се меркаат, додворуваат, танцуваат, забавуваат, тркаат,… Последен танц на Sitnger, и вовед во светот на спортот за целосно електричниот EV6.

Класичарот гордо го носи турбо бензинскиот V6 кој по повод одјавувањето е подесен на 370 КС.

Претставен во 2018 г. Stinger предизвика големо внимание од јавноста. Турбо моторот од 3,3 литри, пренесувајќи ја силината на сите четири тркала преку 8-степен автоматик, првата стотка ја фаќа за неполни 5 секунди.

Етаблираните спортски лимузини се соочија со сериозна конкуренција.

Електричната иднина доаѓа во вид на EV6 кој во својата основна конфигурација, на предната оска испорачува 225 КС. Следното скалило е проектирано со уште еден мотор од 100 КС кој ја придвижува задната оска.

Врвот на понудата е резервиран за перформансната GT верзијата со максимални 576 КС.

Прогресот е евидентен, иднината и припаѓа на електриката. Носталгичарите ќе жалат за звукот кој излегува од двете издувни цевки, не помалку и за мирисот на изгорени гуми.

Tribute Edition ќе го означи крајот на кратката, но блескава кариера на Stinger. Финалната верзија ќе биде препознатлива по црно обоените надворешни делови, специјално изработениот ентериер во кафена кожа, како и со видливо истакнат сериски број.

Од Trbute Edition ќе бидат изработени само илјада примероци. Во меѓувреме EV6 GT оптимистички настапува на пазарот, најавувајќи го така надоаѓачкото време на целосно електрични, спортски автомобили.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот