СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Toyota Corolla Cross: Corolla линијата доби нов член!

 

Со еден хибриден мотор, три нивоа на опрема, можност за погон на двете оски и почетна цена од 38.490 евра новиот SUV на Toyota самоуверено настапува на нашиот пазар.

Cross – трендот започнат со Aygo и Yaris продолжува со Corolla.

Со тоа не само што се заокружуваат SUV/кросовер верзиите на трите класи туку се потполнува и SUV празнината помеѓу помалиот C-HR и поголемиот RAV4.

При создавањето на Corolla Cross, Toyota посегнува по богатиот технолошки регал. Тука се пред се мисли на искуствата од Corolla која до сега се произведуваше како хечбек, седан и караванска верзија.

Cross, како нов член на семејството Corolla, се потпира врз познатата G-AC платфрома која за новата служба е поставена на меѓуоскино растојание од 2.640 mm.

Вкупната должина од 4.460 mm го сместува новиот играч во срцето на европскиот Ц-сегмент на SUV возила.

Најголемиот светски производител одлично умее да го проектира кабинскиот простор, што е одлична вест за сите корисници кои активно го користат слободното време.

Но пред да влеземе во внатрешноста, да ја истакнеме нашата импресија која говори за воздржан, па во извесна доза дури и конзервативен пристап при „цртањето“ на надворешноста.

Знаеме дека современиот пристап на Toyota говори за возбудливи форми, но прилагодувањето на глобалниот вкус веројатно играло пресудна улога при дизајнирањето.

Во оваа фаза Corolla Cross ќе ја придвижува, погодувате нели, само хибриден погон во кој заеднички дејствуваат бензинец од два литри и нов електричен состав. Системската силина од 197 КС овозможува и повеќе од пристојни перформанси. Бесстепенскиот CVT менувач ја дополнува механичката основа.

Во случај да посакате погон на двете оски, на услуга стои втор електромотор кој се поставува на задната оска.

За варијанта на модел кој важи за најпродаван во историјата на автомобилизмот, внатрешноста е скоцкана токму така како што и се очекува.

Вградената опрема е поделена во три пакета, а заедничко за сите е нивото не безбедносна опрема за која Toyota воопшто не сака да дискутира. Тие сметаат дека максимална безбедност заслужуваат сите клиенти.

Гаранцијата од десет години исто така е вон интересот за пазарење на јапонскиот производител.

Кај нас Toyota Corolla Cross ценовно е поставена со старт од 38.490 евра. Тоа е новата автомобилска реалност која, сакале ние или не, ќе мора да ја прифатиме.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг